
Претпоследниот ден помина во знакот на учење преку искуство, односно преку игра. Името на играта преку која учесниците научија нешто повеќе околу надминување на меѓусебните разлики како и зголемување на толеранцијата, е Барнга. Целата тема на играта е - без меѓусебно зборување да се научат правилата на игра т.е на животот и да се изигра најдобро што се може односно да се победи.
Најинтересниот и очекуван резултат беше, учесниците во играта да научат дека правилата на играта односно животот се различни за секој од нас и дека доколку постои неправилна комуникација или пак воопшто да не постои, секогаш ќе настанува конфликт. И токму тоа се постигна, на крајот на денот, кога имаше сесија за искажување на мислења и реакции од учесниците - сите учесници се согласија околу една и најважна работа - дека на забавен начин научија дека секогаш треба да бидат доволно толерантни и да пробаат да ги следат правилата колку што е можно без разлика дали ги разбираат или не. На учесниците не им се веруваше дека преку игра може да се допре до најдлабоките проблеми на нашето општество, како и дека преку истата игра тие проблеми можат да се совладаат и да се надминат.
Со ова, го завршуваме извештајот од петтиот ден и ве покануваме во наредниот период повторно да ја посетите нашата веб страница и да го прочитате извештајот за шестиот и последен ден кој ќе биде најзабавниот и најактивниот ден од целиот серијал „Викенди на Промена“.

