
Каратистите од клубот Дрини од Струга, викендов беа домаќини на четвртиот дел од проектот Викенди на промена. Овојпат, се дискутираше за начините како, подобро да ги согледуваме проблемите кои се пред нас, како да успееме да ги решиме, и како во процесот на донесување на решението да го донесеме најдоброто можно решение преку поминување низ низа техники за подобрување и зајакнување на решението.
Исто така, АлфаОмега продукција им овозможи на учесниците премиерно да го изгледаат видео материјалот кој беше склопен од претходните 3 случувања, а драгите посетители на сајтов ќе можат да го изгледаат подолу од текстов.
Се гледаме наредниот пат во Скопје, на претпоследната средба...
»
