
Водство! Udheheqes! - Ова беше темата на третиот викенд од проектот Викенди на промена. Овојпат целиот ден беше наменет за искуствени игри, кои имаа за цел да ги препознаат вродените водачи во секој од нас, бидејќи како што вели една поговорка, Секој од нас е водач на еден или на друг начин. Истотака, голем дел од активностите на овој ден, беа наменети за да ги научат учесниците како да го оформат својот тим, да биде успешен, секој да си ја заврши својата работа и да си ја препознае својата улога во својот тим. Ова е слично на сите спортски клубови, особено на клубовите за боречки вештини, каде сите имаат своја улога. Еден е водачот, односно тренерот, и другите се учениците. Препознавајќи го водачот, се препознава авторитетот, и со тоа се зголемува почитта и правопропорционално се зголемува успехот на тој тим.
Подоцна, учесниците ги облекоа своите „тренирачки“ униформи, и присуствуваа на многу интересен тренинг од вештината Џудо. Фрлања, паѓања и ред други техники се учеа на овој ден, и можеше да се забележи дека сите беа презадоволни од тренингот, а воедно и од активностите.
Па, не останува уште многу да се каже, освен се гледаме повторно наредниот пат!

