Donation

Проектен менаџмент

 

Проектот е завршниот, конечниот дел или етапа во рамки на планирањето, на орагнизацијата и на менаџирањето на настани или брендови. Проектот има конкретен датум за започнување и за завршување за да се направи некој уникатен произвоид или услуги што носат некакви придонеси или додадена вредност. Овој последен дел од проектите е сосема спротивен на процесите и на дејностите кои претставуваат постојана или полу - постојана функционална работа за циклично произведување на истиот производ или услуга. Во пракса, менаџментот на овие два система не ретко е различен и како таков, потребен му е развој на специфични технички вештини и прифаќање посебна философија во менаџментот, што е тема на оваа статија.

Алфа и Омега се соочува со примарниот предизвик во менаџирањето кој се состои во постигнување на сите цели на проектот, вклучувајќи ги и неговите ограничувања. Како чести ограничувања се јавуваат доменот, времето и буџетот од кои што проектот зависи директно. Од друга страна пак, овие ограничувања не се единствени. Уште поголема е одговорноста при соочување со секундарниот и поамбициозен предизвик кој се состои во пренасочување и во соединување на вложените средства за исполнување на претходно зададените и поставените цели. 

Алфа и Омега сериозно пристапува кон соочување со овие предизвици, дефинирајќи го и реализирајќи го проектот како серија од активности при што се користат ресурси (пари, луѓе, енергија, простор, подготовки, комуникација, мотивација итн.) за да се постигнат целите на проектот како една заокружена и компактна целина.

Досегашни реализирани настани во организација на АО Продукција во соработка со НВО Интегритет Алфа и Омега:
- Напред розoво 2009
- Трчаме кон целта - традиционален атлетски полумаратон 2007, 2008, 2009
- Прв Охридски триатлон 2009
- Дуатлон за млади таленти 2009

и овогодинешните настани
- Трчаме кон целта 2010
- Напред розoво 2010 
- Триатлон - Струга 2010