Donation

Организација на настани

 

Во рамки на одделот за продукција, Алфа и Омега, сериозно ја разработува идејата за детално планирање, за организирање и за доследно спроведување на настани од различен вид. Самото менаџирање на настани е слоевито и разгрането. Алфа и Омега успева да создаде хармонија и соодветно да ги поврзе сите тие различни слоеви и гранки.

Изучувањето и проучувањето на сложеноста на настанот, одредување на целната група, креирање на концептот на настанот, планирање на логистиката и координација во самата организација на настаните - сите овие работни задачи функционираат како основа за имплементирање (спроведување) на самиот настан што се организира.

Зголемениот број на фестивали и на настани низ целиот свет кои имаат големо влијание на заедницата, а во одредени ситуации и на целата земја, ја носи со себе и потребата од поорганизирано и постручно менаџирање кое соодветно ќе одговори на потребите на клиентите. Алфа и Омега со својата инвентивност и стручност, целиот свој напор го насочува токму кон таа цел - професионално задоволување на вкусот и на потребите на клиентите. Со самото организирање и со самото менаџирање на настани од различен тип, Алфа и Омега, всушност промовира на пазарот, гради партнерство/соработка, добива парична поддршка или прославува. Промоцијата може да се однесува на некоја индустриска дејност, добротворна акција или едноставно, група луѓе. Што значи дека во овие рамки влегуваат настани од најразличен обем - од Олимписки игри до мини состаноци за десетина луѓе од бизнис сферата.

Менаџирањето настани е мулти - милионерска дејност која се развива брзо, со мега - настани што редовно се одржуваат. Алфа и Омега, секојдневно се стреми кон одржување чекор со новитетите во менаџирање на светско ниво, постојана разработка, доработка, усовршување и доусовршување на своите капацитети, на своите способности и на своите методи на менаџирање. Тоа се должи на одличната соработка и организација на тимот на Алфа и Омега кој е дел од секторот за продукција и за менаџирање.

Врз основа на нивната намена и цел, настаните кои ги организира Алфа и Омега можат да се класифицираат на четири поопширни категории:

- рекреативни настани, пр. спорт, музика, рекреација

- културни настани, религиозни, церемонијални, уметност, културно наследство и фолклор;

- организациски настани, пр. комерцијални, хуманитарни, политички, распродажба и промоција на производи;

- приватни настани, пр. свадби, родендени, годишни настани, јубилеи;

Понатаму АО Продукција ви нуди реквизити потребни за организација на спортски и културни настани. Можете да го погледнете асортиманот од реквизити на следниот линк: РЕКВИЗИТИ