Алфа и Омега е новонастаната компанија која егзистира врз основа на недостигот и на потребата на луѓето да живеат квалитетен и здрав живот.
Тргнувајќи од идејата дека човекот е исклучителен спој на духовното и телесното, Алфа и Омега ги пласира производите од врвен квалитет кои одговараат на потребите на секојдневниот живот на човекот, набљудуван, како што претходно нагласивме, како паралелно постоење на два ентитета (телесниот и духовниот).
Како космополитска компанија која се грижи за здравјето и за духот на луѓето, Алфа и Омега си поставува за задача да ги предизвика и да ги поттикне луѓето да направат нешто за себеси и да не се двоумат, туку да направат избор за поквалитетен, за поздрав и за поисполнет живот. Тоа е избор кој ви ветува сигурна и трајна промена на вашиот живот.
Презентирајќи ја сопствената цел, Алфа и Омега, директно ви го поставува прашањето: Која е вашата цел? Дали ја пронајдовте вашата цел?
Визија
Во напорот да ја прикаже својата визија посликовито, попиктурално и со тоа да ја направи подостапна до луѓето, Алфа и Омега ad hoc продолжува со прашањата. Дали некогаш сте соработувале со инспиративни луѓе кои, на некој начин, постојано Ве предизвикуваат да го дадете максимумот во работата?! Ако досега не сте сретнале вакви личности, Алфа и Омега е вистинското место за Вас. Дали ви недостигаат стимуланси кои ќе ја разбудат креативноста за да почнете да го доживувате вашето постоење, вашето битисување како вистинско уметничко дело? Ако чувствувате недостиг од креативност, Алфа и Омега е спремна да ви ја сервира креативноста, директно на вашата трпеза.
Мисија
Мисијата на Алфа и Омега доаѓа како просветлување, како момент на епифанија кој ве извлекува од темните тунели на вашето суштествување. Тоа е мисија која се состои од потрагата по здрав живот и здрави животни навики. Тоа е мисија која има за цел да ги разгали вашите сетила и да ве насочи кон вистинските вредности во животот. Најголемата вредност во животот сте токму вие. Само вие го имате клучот за вашето здравје, за вашата хармонија, само вие можете да направите нешто подобро за себеси. Алфа и Омега е тука да го развие тоа чувство кај вас, да ви ја подобри самодовербата и да направи да ја чувствувате оваа компанија како стар пријател кој со леснотија може да го фатите под рака и со него да ја преминете улицата.
Цели
Целта на Алфа и Омега е буквално да ве „размрда“, да ве активира, да ве стави во движење, но не само физички, туку и ментално. Оваа компанија ќе ве натера да размислувате повеќе за себеси, да барате нешто повеќе од животот. За возврат ви нуди сигурен излез од секојдневните навики, од циклусот на повторувањето. Космогонијата започнува со Алга и Омега. Есхатологијата не постои. Затоа, Алфа и Омега ви нуди живот кој ќе го доживувате како дар, а не како бреме, нов живот кој се отвора пред вас како уживање, а не како опстанок. Ако сте спремни за промени, тоа значи дека сосема правилно сте ја сфатиле пораката на Алфа и Омега.
