Donation

ISLT- Стартот

Денеска беше означен почетокот на ISLT семинарот во Македонија. Поминавме прекрасен ден заедно, учејќи како да создадеме силни тимови, како и стекнување со непроценливо искуство во полето да се биде перфектниот тимски играч или водич.

Ова е првиот од вкупно четири денови, каде што ќе се обидеме да изградиме силни водичи кои ќе делуваат во и преку спортот. На овој ден се работеше околу креирањето на силен тим, а потоа како дел од меѓусебното поврзување помеѓу играчите во тимот го гледавме натпреварот на Македонија во ракомет на ЕП, многу се забавувавме за време на спортските активности додека игравме игри кои беа поставени така, за да се претстави сликовито и од прва рака да се искуси како вистинските тимови функционираат како и фазите низ кои секој тим мора да помине за своето време на постоење.