ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО на трката Трчаме Кон Целта - Сиромаштија не!
Невладината организација „Интегритет Алфа и Омега“, во соработка со Американската Амбасада, Градот Скопје и Агенцијата за Млади и Спорт, ќе го организараат проектот „Трчаме кон целта“. Станува збор за полумаратонска трка која има три цели: борба против сиромаштијата, помош за децата Роми и обнова на санитарниот јазол на ОУ„ Лазо Ангеловски“. Можете и вие дополнително да придонесете ако бидете дел од овој настан како учесник на самата трка.
Она што е интересно е дека различните компании и амбасадите, како и институциите вклучени во овој проект, можат да ги охрабрат своите вработени да трчаат за некоја цел и да ги спонзорираат нивните корпоративни тимови без разлика дали се работи за километар (колку километри ќе истрча толку пари му се донира) или за вработен (без разлика колку километри ќе истрча на вработениот му се дава една симболична сума). Ова почетно спонзорство од компанијата би можело да влијае врз вработените да живеат здрав живот и да ги мотивираат да бидат повеќе вклучени во општеството (со што компанијата би си заработила позитивно мислење). На пример, ако компанијата го спонзорира својот тим да го истрча полумаратонот од 21 км (3-ца вработени да истрчаат по 5 километри одделно, а 4-от да истрча 6 км) со 100 денари по километар или вкупно 2100 денари. Алтернативно, можат и да го спонзорираат секој од вработените одделно со 500 денари со што ќе достигнат до одредена сума од 2000 денари (4 –ца вработени х 500 денари).
Се надеваме дека ќе ја прифатите нашата покана да учествувате на оваа трка со свој тим и со тоа да помогнете во борбата против сиромаштијата.
