Donation

ТРИАТЛОН 2010

 

Триатлонот како спорт опфаќа три дисциплини - пливање, трчање и возење велосипед. На оваа триатлон трка може да учествуваат професионалци, но и оние кои рекреативно го применуваат овој спорт.

Интегритет АО минатата година за прв пат го спроведе овој проект кој се покажа како исклучително успешен и кој вроди со огромни резултати. Одржувањето на првиот триатлон натпревар го доби третманот на прв чекор во актуелизирањето на овој спорт во Македонија и негово традиционално одржување секоја година.

Така што, со идејата за одржување на овој проект, на овој триатлон натпревар и наредната година (2010), Интегритет АО сигурно започнува да ја гради традицијата на одржување на триатлон натпревари на едно национално и меѓународно ниво.

Ваквите настани претставуваат вистинско освежување бидејќи доаѓаат како бран на новитет, на промоција, на ексклузивитет, едноставно како бран на промена, особено кога се доживува интензивната потреба од спортски настани кои ќе го задоволат огромниот апетит на македонската публика. За прв пат, Македонија покажа дека има капацитети да се носи со еден ваков предизвик со еден ваков настан кој ја збогати историјата на македонскиот спорт. Оваа трка ни го отвори патот слободно и без никакви стеги да се пофалиме дека и Македонија е плодно тло за создавање на авангардни настани кои ветуваат многу.

Оваа година Интегритет АО сака да го повтори и да го потврди минатогодишниот успех, со тоа што овој пат во центарот на вниманието ќе биде Струга која ги покажа своите капацитети со проектот „Дуатлон за млади таленти 2009“. 

И овој пат триатлонот ќе вклучува рекреативна категорија за сите оние кои ќе сакаат да ги испробаат своите можности. Дистанците за рекреативната категорија се:

- пливање 100 метри
- возење велосипед 5.000 метри
- трчање 1.250 метри

додека пак дистанците за професионалната категорија се од стандардната триатлон спринт категорија и тоа:

- пливање 750 метри
- возење велосипед 20.000 метри
- трчање 5.000 метри. 

Локацијата на настанот ќе биде на плажата пред Интернационалниот Универзитет во Струга. Регистрацијата на учесниците започнува во 9 часот, додека стартот за професионалците е во 11 часот, а за рекреативците е во 12:30 часот.

Интегритет АО им се заблагодарува на сите спонзори кои излегоа во пресрет, а без кои не можеше да се реализира овој настан. Голема благодарност до Фати Трејд, МекДоналдс, Аустриан Ерлајнс, КБ Прво Пензиско Друштво, Форум, Про Кредит Банка,Инова Воркс (innovaworks), Интернационалниот Универзитет во Струга и особена благодарност до Општина Струга која со голем ентузијазам го прифати настанот и несебично се понуди да помогне во неговата реализација.

Во прилог е мапата на трката, на која се означени патеките кои треба да се изминат.

Погледнете го извадокот од интервјуто на Брајан Ричардс (CEO) и Славко Јовановски (Проект Менаџер во Интегритет АО) на линкот подолу

МЕДИА