Donation

Напред Розово 2011

Минатата сабота, во Градскиот Парк, по трет пат се оддржа, веќе традиционалниот настан Напред Розово, настан кој за своја главна цел има поддршка за борбата против ракот на дојка, како и подигнување на јавната свест околу ова заболување. Сите поддржувачи, заедно со оние кои патат од ова заболување, заедно, облечени во розеви маички одеа по симболичната патека, која започна од „Школка“ во градскиот парк до Камениот Мост и повторно назад на почетокот. На нивното враќање во градскиот парк имаше кратка програма за забава и зближување на учесниците, како и музичка програма во позадина. Би сакале да им изразиме благодарност на сите кои оваа година беа дел од борбата против рак на дојка, кои учестуваа и ја изодеа симболичната прошетка, а исто така и на оние кои со купувањето на розева маичка учествуваа во собирањето донации за поддршка на лекувањето на оние кои имаат потреба од тоа.

Во продолжение, би сакале да изразиме огромна благодарност до спонзорите на овој настан, кои веруваа во нас и ја дадоа својата поддршка, за да резултира со овој настан од јавен карактер да ја види светлоста на денот и да ја прошири својата порака.