
Здужението Борка – За секој нов ден, во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија трета година по ред ќе ja организираат Розевата прошетка, со цел подигнување на свесноста за ракот на дојка како потенцијално излечива болест.
Поттикнати од животните приказни на нашите членови и следејќи го светскиот пример, ja организираме ovaa розева прошетка, со цел да ги поддржиме луѓето кои се борат со оваа болест и сите заедно да го прославиме животот. Минатите години на оваа прошетка учествуваа 4000 граѓани на Македонија.
Заради тоа, решивме оваа прошетка да стане традиционална и секоја година да го правиме истото. Оваа година граѓани од 15 града ширум Македонија ќе дојдат за да ни ја дадат својата поддршка. Сметаме дека е време сите да почнеме јавно да говориме, да слушаме и симболично да чекориме против ракот на дојка.
Борбата против ракот на дојка е премногу важна за секого од нас, за да им ја препуштиме на другите. Затоа, биди и ти дел од неа! Да им помогнеме на другите да победат!
Настанот ќе започне во 11:00 часот во Градски парк пред Школка. Свои кратки обраќања пред присутните ќе имаат:
• Г-ѓа Биба Додева, Претседател на БОРКА – За секој нов ден;
• Н.Е. г-дин Филип Рикер, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија
За загревање на учесниците пред прошетката ќе се погрижат инструкторите од Fit One клубот сo zumba fitness вежби.
После прошетката следува хуманитарен концерт за чија реализација ќе биде задолжен бендот "RNC”, а воедно ќе има и jam session со познати македонски пејачи, кои секоја година ја поддржуваат оваа наша кампања.
На настанот ќе се делат бесплатни освежителни производи, едукативни флаери и брошури за ракот на дојка, како и розеви балони за најмладите посетители.
Затоа ве покануваме да донирате, купувајќи розеви производи и да учествувате во големата розева прошетка!
Продажба на розови производи од 23 мај (понеделник) на локациите пред Шмизла, Далметфу,ГТЦ,ТЦ Бисер, Клинички центар, УКИМ и низ градовите во Македонија.

