Donation

ISLT Македонија 2012

За првпат во Македонија ќе се оддржи интернационален семинар за водство во спортот, во Јануари 2012 година. Семинарот претставува идеална можност за Вас, да се здобиете со знаења за водство низ спортот. Инвестирајте една недела и почуствувајте ги бенефитите за целиот живот. Семинарот ќе ја содржи програмата за Ниво 1 (level one) тренинг од ISLT (International Sport Leadership Training).

Кога: 23-26 Јануари 2012 (Понеделник - Четврток - Започнува и завршува со Ручек, ве молиме имајте го во предвид ова кога ќе го планирате вашето патување).

Каде: Хотел Порта, Скопје, Македонија. Околу 40 минути оддалечено од Аеродромот Александар Велики со автомобил и околу 15 минути пеш од главната автобуска и железничка станица. На следниот линк можете да го разгледате хотелот и неговите можности www.hotelporta.com.mk

Цел: Да обучи личности за Sports ministry за да бидат способни по ефикасно да пристапат кон службата преку спортот.

Содржина на семинарот:
Главните точки на семинарот ќе бидат
□ Библијата и спортот
□ Објаснување на библијата за спортистите
□ Способност за преминување преку тензиите помеѓу верата и спортот
□ Интегрирани вредности
□ Студии на случај и примери

Повеќе околу Ниво 1 семинарот: Нивото 1 дава добар вовед во христијанството и спортот. Ќе ви помогне да го видите спортот од библиска перспектива и да се опремите да бидете сведок за Христос во светот на спортот. Ниво 1 е соодветен за луѓето кои се вклучени во sports ministry како волонтери или за оние кои едноставно сакаaт да дознаат како да се вклучат во светот на спортот за Христа.

Цена: 120,00 € (вклучува надомест за тренингот, материјали од и за тренингот, сместување, исхрана, превоз од/до аеродром и користење на хотелските можности).

500,00 (петстотини) денари е учеството за луѓето од Македонија (ги вклучува горенаведените придобивки, освен превозот и сместување во хотелот). Пријавените учесници мораат сами да се погрижат за превозот.

 

Плаќањето се врши во готово на првиот ден од настанот, при добивањето на акредитацијата и материјалите за тренингот.

За регистрација кликнете овде: Регистрација *регистрација до 10 Јануари 2012 година

За повеќе информации обратете се на е-маил: i.gorgievski@integrityao.org