ESTIEM (European Students of Industrial Engineering and Management) е единствената европска студентска организација која ги обединува студентите од Индустриско Иженерство и Менаџмент.
ESTIEM LG СКОПЈЕ ГОРДО ВИ НАЈАВУВА...
... “Company Case Show“ - настан кој ќе се одржува во просториите на Mашинскиот факултет Скопје од 03.05 до 07.05 2010.г.
Што e Company Case Show?

Company Case Show е отворена манифестација од интернационален, едукативен и забавен карактер, која преку еден заеднички настап на веќе успешните менаџери и студентите партиципанти, овозможува да се дојде до подигнување на нивото и квалитетот на образованието на студентите. Студентите имаат два дена преку своето знаење и способности, да дојдат до креативно, интересно и ефикасно решение, и сето тоа успешно да го презентираат пред компаниите. Со тоа покрај новите знаења и искуства што ги стекнуваат, тие се поврзуваат меѓусебно и учат едни од други, рушејки ги бариерите на класичното образование и проширувајки ги видиците низ комбинација од работа, дружење и забава.
Генерални покровители на настанот се: МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ Скопје и едни од најреномираните компании на нашиот пазар BOMEX HOLDING, TITAN CEMENTARNICA USJE,ПИВАРА СКОПЈЕ и ГОРСКА вода. Од овие четири компании, првите три, кои имаат потреба од квалитетен персонал за разбирање на важноста за стратегиско планирање и искористување на човечки ресурси, учествуваат со реални проблеми.
Тргнавме од идејата за убивање на рутината во секојдневието на студентите, започнавме мисија за оставрување на таа идеја, целосно се посветивме и обезбедивме се што ни е потребно за реализирање на таа мисија, што уште чекаме..?!?!?!?! ШОУТО МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ!!!
