Donation

Настани 2009

Алфа и Омега ги покажува својата доследност и својата истрајност преку организирање на настани од најразличен тип. Со тоа, оваа компанија ви ја нуди можноста да спортувате преку забава и преку дружење, или, според обратнопропорционалната варијанта, да се забавувате и да се дружите преку спортот. Алфа и Омега, на тој начин добива карактер на линк кој успева, истовремено да спои два битни сегменти од човековиот живот. Спортот не мора да биде секогаш само напорна работа и пожртвуваност. Затоа, искористете ја пружената можност, здравиот начин на живеење да не биде здодевен, туку баш напротив да биде интересен.
Идејата е да ги натераме луѓето да живеат здрав живот преку организирање на настани од забавен, спортски и хуманитарен карактер. На тој начин, луѓето се зближуваат, што значи дека Алфа и Омега води сметка и за вашиот социјален живот. Спорт и музика преку дружење. Се е поинтересно кога се прави заедно. Можност да се бодрите и да се поттикнувате еден со друг. Можност да го одржите ентузијазмот на највисоко можно ниво.